Јазиците во Европа - Европа

Јазиците во Европа - Луѓето во Европа зборуваат на голем број различни јазици. Повеќето од овие јазици спаѓаат во три големи групи „семејства“: германски, словенски и романски.
Јазиците во секоја група имаат семејни сличности, зашто тие потекнуваат од исти предци. На пример, романските јазици се потомци на латинскиот, јазикот на кој зборувале Старите Римјани.

Еве како се вика „Добро утро“ или „Здраво“ на само некои од овие јазици.
Германски
дански God morgen
холандски Goedemorgen
англиски Good morning
германски Guten Morgen
шведски God morgon
Романски
француски Bonjour
италијански Buongiorno
португалски Bom dia
романски Bună dimineaţa
шпански Buenos días
Словенски
бугарски Dobró útro
чешки Dobré ráno
полски Dzień dobry
словачки Dobré ráno
словенечки Dobro jutro

Не е тешко да се забележи семејната сличност во овие примери. Но постојат и други европски јазици, коишто не се во толку блиско сродство или воопшто не се во меѓусебно сродство.

Еве како се вели „Добро утро“ или „Здраво“ на овие јазици.
баскиски Egun on
бретонски Demat
каталански Bon dia
естонски Tere hommikust
фински Hyvää huomenta
галски (шкотски) Madainn mhath
грчки Kalimera
унгарски Jó reggelt
ирски Dia dhuit
летонски Labrīt
литвански Labas rytas
малтешки L-Għodwa t-Tajba
велшки Bore da

На јазикот на ромскиот народ, кој живее во многу делови од Европа, „добро утро“ е Lasho dyes.
Учењето јазици може да биде извонредна забава – а и важно е, на континент како нашиот. Многумина од нас уживаат во годишните одмори во други европски земји и во запознавањето на тамошните луѓе.
Тоа е одлична можност да се вежбаат фразите што ги знаеме на различни јазици.

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек