Зошто 5 Плус

Емисија за растење на деца и родители
Емисијата 5 плус е интерактивен тип емисија со забавно едукативен карактер која се емитува во живо. Емисијата се емитува на две национални телевизии Телма и Алсатм на македонски и албански јазик.
5 плус е комбинација од тематски емисии со интересни гости и интерактивни игри наменети за деца. 
Покрај водителот, во емисијата има и маскота-Петко. Маскотата има активна улога во емисијата и служи како поддршка на водителот при водењето на емисијата. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната  цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.

Општествена одговорност
Концептот на општествена одговорност е интегрален дел од емисијата 5 плус кој се остварува преку континуираните акции за промоција на идеи и вредности кои се важни за децата. Емисијата 5 плус водеше успешни кампањи, меѓу кои:
• „Немој да пушуш оти ме гушиш“ - кампања за подигнување на свеста за непушење во присуство на деца
• „Енергијата се штеди зошто многу вреди” - кампања за рационално користење на електричната енергија
• „Велосипетко” - кампања за промоција на возењето велосипед како средство за рекреација и транспорт
• „Хартијата се збира да се рециклира” - кампања за подигнување на свеста за потребата од рециклирање
• „Здрава храна за детство без мана” - кампања за подигнување на свеста кај децата за потребата од конзумирање здрава храна како и за потребата училиштата да станат мотиватор за користење на здрава храна во и надвор од училиштата.

Зошто 5 плус е најгледана детска емисија:
• Прва и единствена емисија од ваков тип во Македонија
• Интерактивен тип на емисија со забавно едукативен карактер
• Прилагодена на различните култури и традиции во Македонија
• Петко – лик со кој децата лесно се идентификуваат
• Исполнета со различни едукативни кампањи за деца и родители
• Секое дете што се јавува во емисијата добива награда
• Бесплатен телефонски број

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек