Планини и езера во Европа

 - Највисоката планина во Европа е Елбрус, на Кавкаските Планини, на границата меѓу Русија и Грузија. Нејзиниот највисок врв е на 5.642 метри надморска височина.
Највисоката планина во Западна Европа е Монт Бланк, на Алпите, на границата меѓу Франција и Италија. Нејзиниот највисок врв е на надморска височина од над 4.800 метри.
На Алпите е и Женевско Езеро – најголемото слатководно езеро во Западна Европа. Тоа лежи помеѓу Франција и Швајцарија, длабоко е 310 метри, а содржи околу 89 трилиони литри вода.
Најголемото езеро во Централна Европа е езерото Балатон, во Унгарија. Тоа е долго 77 километри (км) и покрива површина од околу 600 квадратни километри (км2). Северна Европа има уште поголеми
езера, вклучувајќи го Саима во Финска (1.147 км2) и Ванерн во Шведска (над 5.500 км2). Најголемото езеро во цела Европа е езерото Ладога. Се наоѓа во северозападна Русија и е 14-тото најголемо езеро во светот. Неговата површина покрива 17.700 км2.

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек