Реките во Европа

 - Една од најдолгите реки во Европа е Дунав. Таа извира во регионот на Шварцвалд во Германија и тече на исток низ Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија и Украина до Романија, каде што формира делта на брегот на Црно Море. Сe на сe, таа покрива растојание од околу 2.850 км. Меѓу другите големи реки се и Рајна (долга околу 1.320 км), Елба (околу 1.170 км) и Лоара
(над 1.000 км). Големите реки се мошне корисни за превезување. Разните видови стоки се товарат на пловила, кои ги носат нагоре и надолу по реките, меѓу морските пристаништа на Европа и градовите длабоко на копното.

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек