Низ Европа со авион

 - Луѓето патуваат низ Европа и со авион, зашто воздушниот сообраќај е брз. Во Европа се изградени некои од најдобрите светски авиони – на пример, „ербас“. Разни европски земји произведуваат различни делови од „ербас“, а потоа тим од инженери го составува целиот авион.
Најбрзиот патнички авион на сите времиња, „конкорд“, беше дизајниран од тим француски и британски инженери. „Конкорд“ можеше да лета со брзина од 2.160 км/ч - двојно поголема од брзината на звукот – и можеше да го премине Атлантикот за помалку од три часа! (На повеќето авиони им требаат околу осум часа.) Последниот лет на „конкорд“ беше во 2003. Побрзи од кој било авион се вселенските ракети, како „Аријана“ – заеднички проект меѓу неколку европски земји. Во ракетата „Аријана“ не патуваат луѓе, таа се користи за лансирање сателити што се потребни за телевизиските и мобилните телефонски мрежи, за научни истражувања итн. Повеќето сателити во светот сега се лансираат со користење на овие европски ракети. Успехот на „конкорд“, „ербас“ и „Аријана“ покажува што сe може да се постигне кога европските земји работат заедно.

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек