Патување низ Европа - Занимливости

Патување низ Европа - Знаеше ли дека железницата е измислена во Европа? Токму во Англија Џорџ Стивенсон го претстави првиот патнички воз, во 1825. Неговата најславна локомотива беше наречена „Ракета“ и достигнуваше брзина од над 40 километри на час (км/ч) - што беше навистина брзо за тоа време.
Денес супербрзите електрични возови на Европа се многу поинакви од тие први парни машини. Тие се мошне удобни и патуваат со брзина и до 330 км/ч, по специјално изградени шини. Постојано се градат и нови шини, за да им се овозможи на луѓето брзо да патуваат меѓу големите европски градови.
Патиштата и железниците понекогаш мора да преминат планински венци, широки реки, па дури и море. Затоа, инженерите имаат изградено некои мошне долги мостови и тунели. Најдолг патен тунел во Европа е тунелот Лаердал во Норвешка, меѓу Берген и Осло. Тој е долг над 24 км и беше отворен во 2000. Најдолг железнички тунел во Европа е Ламанш. Тој ги носи супербрзите возови „Еуростар“ под морето, меѓу Кале во Франција и Фолкстон во Англија, а долг е над 50 км.

Дали знаете?

Творецот на поимот РОБОТ е чешкиот писател Крел Чапек